Канада

САД и Канада без преговори, трговскиот спор се продлабочува

27.08.2026 11:05

Соединетите Американски Држави во моментов немаат отворен канал за трговски преговори со Канада, изјави американскиот трговски претставник Грир, откако Отава воведе нови контрацарини по неуспешните разговори.

Царините до 50% за американски стоки во вредност од околу 20 милијарди долари, вклучувајќи челик, алуминиум, апарати за домаќинство, млечни производи, морска храна и делови за возила, треба да стапат во сила на 8 септември.

Ескалацијата на трговскиот спор ги загрозува тесно интегрираните синџири на снабдување и би можело да доведе до повисоки цени и забавување на економскиот раст во двете земји.

„Доколку има дополнителна одмаздничка мерка од канадска страна, Соединетите Американски Држави нема само да седат и да го прифатат тоа. во моментов немаме отворени канали за преговори“, изјави Џејмисон Грир – трговски претставник на САД.