Франција

Едно лице загина, неколкумина повредени откако автомобил удри во луѓе во Кан

27.08.2026 13:08

Инцидентот се случил на автобуска постојка во близина на железничката станица во градот. Возачот избегал од местото на настанот ...

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени откако маж со автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан.

Инцидентот се случил на автобуска постојка во близина на железничката станица во градот. Возачот избегал од местото на настанот пред да биде уапсен од страна на полицијата.