Денеска старт на проектот за изградба на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија
Се очекува Македонија до почетокот на 2028 година да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александруполис и преку мрежата на интерконектори да овозможи транспорт на гас кон Србија и централна Европа.

Денеска ќе биде означен стартот на реализацијата на проектот за изградба на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија, со што се отвора нова фаза во енергетското поврзување на двете земји.
На официјалниот почеток на проектот меѓу двете земји ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Се очекува Македонија до почетокот на 2028 година да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александруполис и преку мрежата на интерконектори да овозможи транспорт на гас кон Србија и централна Европа.
Интерконекторот треба да го зајакне енергетското поврзување и сигурноста во регионот.
