Ахмети: Глобалните и регионалните околности го отежнуваат процесот на Евроатланска интеграција

29.09.2014 16:40

Евроатланската интеграција е комплициран процес зошто претходно бара решение на спорот со името. Глобалните и регионалните околности го отежнуваат овој процес. Фокусот на нашите меѓународни пријатели е во случувањата во Украина и на Средниот исток. Ова го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес конференцијата по повод 100-те дена од работењето на новиот владин состав.

„Ние сме убедени дека сме многу блиску до решение, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво и потоа решението ќе се постигне. Се надеваме дека на осми октомври, Комисијата за проширување на Европската унија ќе ја повтори препораката за добивање датум за преговори и се надеваме дека декемврискиот самит на Европската унија ќе биде поттик за финалниот бран преговори помеѓу Скопје и Атина“, изјави претседателот на ДУИ, АлиАхмети.

Зоран Јованоски