Собрание

Педлог-националната стратегија за безбедност на патиштата пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност

27.08.2026 10:18

Стратегијата претставува стратешки документ кој ја дефинира визијата, мисијата, целите и приоритетите за наредниот петгодишен период, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку унапредување на сообраќајната култура, подобрување на патната инфраструктура, поттикнување на институционалната координација и развивање на системот за итна реакција.

Пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, предлог-национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година. Владата ја утврди на седницата, одржана на 28 јули.

Стратегијата претставува стратешки документ кој ја дефинира визијата, мисијата, целите и приоритетите за наредниот петгодишен период, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку унапредување на сообраќајната култура, подобрување на патната инфраструктура, поттикнување на институционалната координација и развивање на системот за итна реакција.

Мисијата се темели на пристапот „системска безбедност“, каде што одговорноста е споделена меѓу државата, институциите и граѓаните.

Документот е рамка за интегрирани мерки и активности, насочени кон намалување на бројот на жртви и повредени во сообраќајни незгоди и кон создавање на безбедна, ефикасна и одржлива патна инфраструктура.