Топло време
Топлотниот бран продолжува и викендов, од утре и сахарска прашина
27.08.2026 14:41
Утре и во текот на викендот се очекува и присуство на сахарска прашина и песок во атмосферата, поради што небото може да биде заматено, а видливоста намалена.

Македонија до крајот на викендот останува под влијание на топол воздух од Африка, со температури до околу 36 степени и тропски ноќи во делови од земјата.
Утре и во текот на викендот се очекува и присуство на сахарска прашина и песок во атмосферата, поради што небото може да биде заматено, а видливоста намалена.
Метеопатите и чувствителните граѓани се советуваат да го следат квалитетот на воздухот и да избегнуваат подолг престој и физичка активност на отворено во најтоплиот дел од денот.
