УКИМ ги објавува конечните ранг-листи, запишувањето на бруцошите на 3 и 4 септември
23-те факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ треба да ги објават конечните ранг-листи за примените бруцоши од првиот уписен рок. Запишувањето ќе се одвива на 3 и 4 септември, а на УКИМ годинава беа понудени вкупно 8.851 слободно место.

23-те факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ треба да ги објават конечните ранг-листи за примените бруцоши во академската 2026/2027 година од првиот уписен рок. Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември.
На најстариот и најголем универзитет во државава имаше вкупно 8.851 слободно место. 4.395 се за студенти во државна квота, 3.621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, односно ги кофинансираат студиите, и 835 за вонредни студенти.
Бруцошите во државната квота се запишуваат со плаќање надомест од 200 евра во денарска противвредност, а оние што се во квотата за кофинансирање и вонредните студенти плаќаат школарина од 400 евра.
Вториот уписен рок ќе биде на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември на факултетите на кои ќе останат слободни места.
