Економија

Димовски во посета на „Адиент Аутомотив“ во ТИРЗ Струмица

27.08.2026 13:49

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со директна комуникација со компаниите во зоните, со цел да ги согледа нивните потреби и да обезбеди соодветна поддршка за нивниот раст и развој.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, оствари посета на компанијата „Адиент Аутомотив“ во ТИРЗ Струмица, каде со менаџментот на фабриката ги разгледа тековните активности, идните планови, како и можностите за раст и развој на компанијата.

Во рамки на посетата беше реализирана и обиколка на производствениот погон.

Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење.

Тој истакна дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање и создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ.

Од менаџментот на „Адиент Аутомотив“ било изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што биле презентирани тековните активности, идните планови и очекувања на компанијата.

Од Дирекцијата посочуваат дека преку директна и отворена комуникација со инвеститорите продолжуваат да го јакнат партнерскиот однос, да ги подобруваат условите за работа и да ги поддржуваат компаниите во реализацијата на нивните развојни планови.