Безбедност

Национална стратегија за безбедност во сообраќајот 2026-2030

27.08.2026 15:41

Македонија има повеќе жртви од европскиот просек, според министерот за внатрешни Панче Тошковски се работи на многу фронтови и се преземаат мерки и санкции, за намалување на овие состојби. Тие се содржани и во Стратегијата за безбедност 2026-30 којашто ќе се најде пред пратениците, а целта е до 2050 година да имаме нула жртви во сообраќајот.

Во Македонија има двојно повеќе жртви во сообраќајот од европскиот просек. Најчести причини за сообраќајки се преголема брзина, возење под дејство, лошата патна инфраструктура, немање сообраќајна култура, слаба институционална реакција. Страгијата 2026-2030 треба да ја подобри ситуацијата.

Веќе воведениот систем „Безбеден град“ покажал подобрување во безбедноста во сообраќајот, но со новата стратегија приоритетно е да се намалат бројот на несреќи и жртви.

Националната стратегија за безбедност во сообраќајот на патиштата 2026-2030 е ставена на усвојување на идната седница на Собранието.

Ирина Гелевска