Македонија

Нов смртен случај од западнонилска треска – шестмина починати досега

27.08.2026 12:41

Здравствените власти соопштија дека станува збор е 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Нов, шести смртен случај од западнонилската треска во Македонија. Здравствените власти соопштија дека станува збор е 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Во земјава се регистрира драстичен пораст на случаите на западнонилска треска, со повеќе од десет новозаразени во последната седмица. Од вкупно 53 регистрирани случаи, 50 се лабораториски потврдени, додека за три случаи се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот пациент е 26-годишен и е во добра здравствена состојба. Петмина пациенти се на интензивна нега поради тешка клиничка слика, а сите се повозрасни лица.