Потпишан договорот за градба на гасоводот со Србија вреден 29,4 милиони евра
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија што ќе го поврзе гасоводниот систем кај Клечовце со мрежата кај Врање. По спроведената постапка за доделување на договорот, за најповолна е избрана понудата на компанијата „Рапид Билд“, во вредност од 29,4 милиони евра.

Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија што ќе го поврзе гасоводниот систем кај Клечовце со мрежата кај Врање, траса во должина од околу 67 километри – 23 километри на македонска и околу 44 километри на српска територија.
По спроведената постапка за доделување на договорот, за најповолна е избрана понудата на компанијата „Рапид Билд“, во вредност од 29,4 милиони евра. Предвидено е интерконекторот да биде завршен во 2027 година, а првиот природен гас да протече во 2028 година.
Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од следната година, додека поврзувањето со Србија е планирано да биде комплетирано до крајот на 2028 година, истакна премиерот Мицкоски. Изградбата на интерконекторите земјава ќе добие дополнителни можности за снабдување и поврзување со регионалните енергетски пазари.
Главната придобивка е диверзификација на снабдувањето, пристап до нови извори на природен гас, поголема сигурност и помала зависност од еден извор
Со интерконекторите кон Грција и Србија, Македонија може да се позиционира како енергетска врска меѓу јужниот и северниот дел на Балканот, со можност гасот од јужните коридори и терминалите во Грција да стигнува до Србија и понатаму кон Централна Европа. За економијата, интерконекторот значи поголема конкуренција на пазарот на гас, можност за подобро планирање на снабдувањето и создавање услови за развој на индустријата која користи природен гас.
Проектот е планиран и така што инфраструктурата во иднина може да биде подготвена за транспорт на водород, што е во согласност со европските цели за енергетска транзиција.
Александра Велинова
