Негативен природен прираст и во второто тримесечје: 1.005 лица повеќе починале отколку што се родиле
Бројот на живородените деца е намален за 3 отсто во споредба со истото тримесечје лани, додека бројот на умрените лица е помал за 0,6 отсто. Меѓу починатите се регистрирани и 10 доенчиња.

Негативниот природен прираст продолжува и во второто тримесечје од 2026 година, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика. Во периодот април-јуни се родиле 3.684 деца, а починале 4.689 лица, со што природниот прираст изнесува -1.005.
Бројот на живородените деца е намален за 3 отсто во споредба со истото тримесечје лани, додека бројот на умрените лица е помал за 0,6 отсто. Меѓу починатите се регистрирани и 10 доенчиња.
Во второто тримесечје се склучени 2.732 брака, што е за 2,2 отсто помалку во однос на истиот период во 2025 година. Во истиот период се регистрирани и 406 разведени бракови.
