Свет

Почина Ратко Младиќ

27.08.2026 20:24

Младиќ беше осуден од Хашкиот трибунал на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 83-годишна возраст.

Младиќ беше осуден од Хашкиот трибунал на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Неговата здравствена состојба во изминатиот период значително се влошила, откако претрпел неколку мозочни удари.

Неговото семејство и лекарите повеќепати предупредувале и барале тој да биде пуштен на слобода за да продолжи со лекувањето, но таквите барања биле одбиени од надлежните во Хаг.