Македонија

Властa и опозицијата во спор за изградбата на дата-центрите

27.08.2026 16:23

Владата останува на планот за развој на дата-центри, а премиерот Христијан Мицкоски уверува дека процесот ќе биде јавен и транспарентен. Се преговара со пет до шест потенцијални инвеститори, меѓу кои и голема мултинационална компанија. Опозицијата, пак, предупредува на ризици за водата, струјата, земјоделството и животната средина.

Владата останува на стратегија на развивање на дата центри, но се што ќе се прави ќе биде јавно и транспарентно, се преговара со 5-6 потенцијални инвеститори од кои е една и голема мултинационална компанија, вели претседателот на владата Христијан Мицкоски, како коментар на ставовите на опозицијата која се изјасни дека е против изградбата на ваквите центри. 

Премиерот Мицкоски вели опозицијата шири тотална невистина, а незнаење и непознавање демонстрираат токму луѓето, како што вели премиерот, кои имаат политичка тежина и водат политички партии.

Власта под радарот турка дата центри за профит – ги става во ризик водата, струјата и земјоделството, порачуваат од СДСМ. 

Социјалдемократите велат се прават дилови за профити додека од јавноста се крие, како што велат во СДСМ, какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието. „Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта се дебели профити за власта, врз грбот на народот“, категорични се во опозициската партија.

Против градбата на дата центри се изјаснија од „Левица“ и ДОМ со аргументи дека ваквите центри ќе ги енормно ќе ги исцрпат природните ресурси, а може да ја загрозат и еколошката средина во земјава.

Игор Панов