Празник
Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
28.08.2026 08:05
Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28-ми август, го слават Успението на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица.

Православните христијани го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Во црквите и во храмовите на Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе бидат служени божествени литургии, а верниците доаѓаат да запалат свеќа и да се помолат за своето и за здравјето на своите најблиски.
Пресвета Богородица е заштитничка на жените, мајките и на болните. Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Берово ќе го посети и премиерот Христијан Мицкоски.
