Свет

Потрагата по преживеани по поплавите во Непал и Тибет продолжува, бројот на жртви расте

28.08.2026 09:01

Интензивната потрага по преживеани продолжува 48 часа по катастрофалните поплави во Непал и Тибет. Над илјада луѓе сè уште се водат за исчезнати, вклучувајќи странски државјани од 30 земји. Спасувачите сега се соочуваат и со нова закана – езеро формирано по поплавите во близина на границата е под висок ризик од излевање поради новите врнежи.

Интензивната потрага по преживеани продолжува 48 часа по катастрофалните поплави во Непал и Тибет. Бројот на жртви расте, а над илјада луѓе сè уште се водат за исчезнати, вклучувајќи странски државјани од 30 земји. Спасувачите сега се соочуваат и со нова закана – езеро формирано по поплавите во близина на границата е под висок ризик од излевање поради новите врнежи.

„Обемот на катастрофата е толку голем што тешко можам да најдам зборови да го опишам. Над 30 илјади припадници на безбедносните сили се мобилизирани и работат дење и ноќе во потрага и спасување. Во исто време, властите предупредија на дополнителен ризик од поплави и ги повикаа луѓето да се оддалечат од речните брегови и да се упатат кон безбедни места“, изјави Лила Питерс Јахија, постојан координатор на Обединетите нации во Непал.

Роднините со нетрпение чекаат новости додека расте стравот од секундарна катастрофа. Светот се обединува. УНИЦЕФ соопшти дека над 17.000 деца имаат потреба од итна хуманитарна помош.

„УНИЦЕФ е на терен. Соработуваме со владата и партнерите за да ја процениме ситуацијата, наш приоритет пред сè се децата, да се осигураме дека се безбедни, заштитени и на крајот дека ќе можат да се опорават од оваа катастрофа“, рече Прина Шреста, службеник за комуникации, канцеларија во Непал, УНИЦЕФ.

„Понудивме каква било помош што им е потребна. Никој досега не видел нешто слично каде што многу моќни, цврсти, добро изградени згради биле збришани како да биле чепкалки за заби“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Поплавниот бран, според властите, бил предизвикан од уривање на глечер, при што беа уништени куќи, патишта и мостови.