Зеленски: Украина, Молдавија и Романија се природни сојузници во безбедноста, енергетиката и логистиката
Украинскиот претседател Зеленски во Кишињев порача дека Украина, Молдавија и Романија се природни сојузници во безбедноста, енергетиката и логистиката и повика на посилна соработка, обвинувајќи ја Русија дека се обидува да ги наруши животите и да создаде тензии меѓу земјите.

„Молдавија, Романија и Украина се природни сојузници во логистиката, енергетиката и многу други области и важно е да ја развиваме оваа соработка. Таа нè зајакнува. Украина е подготвена да го поддржи развојот на безбедносните капацитети на нашите соседи, Молдавија и Романија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Во меѓувреме, Киев регистрираше рекордни 13 предупредувања за воздушен напад во еден ден, кои продолжија и во текот на ноќта. Експлозии одекнаа и во Одеса, додека Москва упати нови предупредувања кон Британија и Франција поради поддршката за Украина. И покрај тензиите, Трамп ја отфрли можноста за руски напад врз НАТО и ја опиша посетата на шефот на ЦИА во Москва како „стандардна деловна активност“.