САД вршат притисок европските сојузници во НАТО да преземат поголема одговорност за одбраната на Европа
САД бараат поголем ангажман од европските сојузници во НАТО, во момент кога Вашингтон ја преиспитува својата воена присутност на Стариот континент.

САД вршат притисок врз европските сојузници во НАТО да преземат поголема одговорност за одбраната на Европа и бараат поголем ангажман во момент кога Вашингтон ја преиспитува својата воена присутност на Стариот континент. Војната во Украина останува клучна безбедносна тема за Алијансата, во услови на неизвесност и стравувања од можно ширење на конфликтот.
„Имаме огромен моментум на континентот, огромно зголемување на трошоците за одбрана, особено во Германија, но ја гледаме и Полска и голем број скандинавски земји. Се надеваме дека ќе видиме повеќе од земји како Обединетото Кралство, но во основа големи напори да се засили водечката улога во сопствената одбрана на Европа“, изјави Елбриџ Колби, заменик-министер за одбрана на САД.
