Денеска се одбележува Денот на рударите
Денеска е Денот на рударите. Богородица е и нивна заштитничка. Од ресорот енергетика нагласуваат дека рударството е значајна стопанска гранка и основа за развој на многубројни други индустрии, но оти безбедноста на работниците мора да остане врвен приоритет.

Лани во Македонија биле произведени нешто повеќе од 130 илјади тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 11 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата.
Приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарди денари, што е историски највисока наплата, а позитивниот тренд продолжува и годинава.