ЦУК
Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
28.08.2026 09:41
Во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Најсериозно е кај селото Копаница, Општина Сарај, каде што гори ниска вегетација...

Во изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Четири се активни, три се под контрола, а 24 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Најсериозно е кај селото Копаница, Општина Сарај, каде што гори ниска вегетација. Не се загрозени населени места, а тетовските пожарникари со помош на ловци кои го знаат овој тешко пристапен терен, се обидуваат да стигнат до линијата на огнот.
Активни се пожарите и во Општините Гостивар, Македонски брод, Чашка и во Јегуновце.
