Несреќа

Тројца македонски државјани загинаа во тешка несреќа во Словенија, двајца повредени

28.08.2026 08:00

Словенечки медиуми, повикувајќи се на Заводот „Животна линија“ објавија дека меѓу жртвите има и дете. Полицијата засега официјално не ја потврди информација, освен дека во несреќата учествувале патнички автомобил и товарно возило.

Тројца македонски државјани загинаа, а уште две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на приморскиот автопат во Словенија, во правец кон Копер.

Словенечки медиуми, повикувајќи се на Заводот „Животна линија“ објавија дека меѓу жртвите има и дете. Полицијата засега официјално не ја потврди информација, освен дека во несреќата учествувале патнички автомобил и товарно возило.

Камионот поради дефект бил запрен покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката. Еден повреден, со медицински хеликоптер бил пренесен во болница.

Автопатската делница повеќе часови беше блокирана. Нема дополнителни информации за здравствената состојба на повредените, ниту пак за идентитетот на загинатите македонски државјани