Тројца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Словенија, од кои две деца
Меѓу тројцата загинати македонски државјани во Словенија, две се малолетни лица. Повредени сè уште двајца кои се наоѓале во возилото во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне во близина на Унец, Словенија. Македонската амбасада во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката...

Министерството за надворешни работи потврди дека тројца македонски државјани загинале во сообраќајната несреќа што се случи вчера во близина на Унец, Словенија. Меѓу жртвите и две малолетни деца, а повредени се уште двајца државјани на Македонија кои се наоѓале во возилото. Од ресорот соопштија дека македонската амбасада во Љубљана веднаш стапила во директен контакт со надлежните институции во Словенија за утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.
„Во незгодата животот го загубиле три лица, едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени сè уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката“, соопштија од МВР.
Според информациите од словенечката полиција во моментот на несреќата во автомобилот имало пет лица, брачен пар нивните деца и мајката на возачот, кој не е повреден. Другите патници починале на лице место, а децата не биле врзани со појаси. Во несреќата учествувале патнички автомобил и товарно возило. Камионот поради дефект бил запрен покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката. Еден повреден, со медицински хеликоптер бил пренесен во болница. Нема дополнителни информации за здравствената состојба на повредените. Словенечката полиција сè уште ги истражува околностите по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против сторителот за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици од небрежност.
Викторија Милевска
