Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите православни христијански верници.

- Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за нејзиното вознесение со дух и со тело, и застапништвото пред божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов“, наведува во честитката.
- Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нè инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто, градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа. Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица. За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова