МВР

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А-1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

28.08.2026 15:49

Вчера околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска...

Вчера околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска, соопштија од МВР.

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението.