Крадци го оставија Овчеполието без вода
Вода во системот за наводнување на Овчеполието има, но околу половина од површините под луцерка се сушат заради крадците кои трајно ја оштетија водоводната мрежа. Земјоделците бараат поголема заштита од полицијата и најавуваат протести доколку случајот не се реши.

За само една ноќ од полињата со луцерка во овчеполието украдени се стотина делови од наводнителниот систем. Загрозен е опстанокот на големи површини луцерка.
Кражбите се пријавуваат во полиција, но до сега никој не е фатен. Земјоделците се сомневаат дека полицијата воопшто не го истражува случајот
Ова е уште еден удар за производителите на сточна храна во овчеполието. Луцерката се откупува за 10 денари килограм. Со намалувањето на сточниот фонд заради овчите сипаници се очекува и пад на побарувачката на оваа фуражна култура.
Славица Величковска
