Македонија без препорака за преговори?

29.09.2014 17:40

Големи се шансите Македонија да ја загуби препораката за почеток на преговори со Унијата. На повеќе од една недела до објавувањето на годишниот извештај за земјава, дипломати во Брисел брифираат дека ќе се случи пресврт во евроинтеграциите. Како една од главните причини го посочуваат политичкиот дијалог, односно бојкотот на Параламентот од страна на главната опозициска партија...

Република Македонија може да ја изгуби шестата по ред позитивна препорака од Европската комисија за отпочнување на предпристапни преговори за членство во Европската унија. Ова е една од можните опции, ако не и најрелевантна, велат високи дипломатски извори во Бриесл.

На само десеттина дена пред објавувањето на прогрес- изештајот за нашата држава, неофицијално во Бриеслските кулоари, проструи информацијата за губење на препораката. Причина за тоа дипломатите гледаат во замрзанитот дијалог за пристапни преговори на високо ниво, а пред се поради неповолната политичка ситуација.

Сепак до последен момент, не можат ништо да потврдат, најчесто велат во Комисијата, но факт е дека во моментов во Комисијата се води силна дипломатска битка за одземање на препораката. Освен билатералниот спор со јужниот сосед, сега како дополнителен аргумент, се користи и бојкотот на државните институции од страна на опозицијата и отсуството на политичкиот дијалог.

Доколку оваа најава навистина се оствари и препораката навистина биде повлечена од официјалниот извештај кој треба да биде објавен на 8-ми октомври, тоа ќе биде сериозен удар врз угледот на државата во меѓународни рамки, а може да има и сериозни последици врз развојот на економијата.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник за МРТ од Брисел