Ден на рударите

Безбедноста на рударите е приоритет

28.08.2026 18:49

Денеска е Денот и на рударите. Богородица е нивната заштитничка. Од ресорот енергетика нагласуваат дека рударството е значајна стопанска гранка и основа за развој на многубројни други индустрии, но дека безбедноста на работниците мора да остане врвен приоритет.

Безбедна работа, подобри услови и сигурна иднина за рударите и рударството во државата - порака на Денот на рударите во сите градови кои во кои рударството не е само стопанска дејност, туку дел од историјата, идентитетот и значи перспектива на заедницата.

Македонија е земја богата со минерални суровини. Лани биле произведени нешто повеќе од 130 илјади тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 11 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата.. Приходите од концесиски надоместоци достигнале над 1,22 милијарди денари, што е историски највисока наплата, а позитивниот тренд продолжува и годинава.. Рударството е двигател на економскиот развој, но само доколку зад економскиот интерес стојат и одговорност, контрола и почитување на еко стандардите.

Економскиот развој и заштитата на животната средина не смеат да се спротивставени цели. Современото рударство може да има перспектива само доколку е економски оправдано, социјално одговорно и еколошки одржливо. За нас, европските стандарди мора да бидат секојдневна работна обврска. Тоа подразбира темелна проценка на влијанието врз животната средина пред почетокот на секој проект. Подразбира заштита на водата, почвата, воздухот и биолошката разновидност. Подразбира примена на најдобрите достапни технологии, безбедно управување со јаловината и рударскиот отпад, редовен мониторинг и јавно достапни податоци.

 

Славица Величковска