Образование
Прилеп: Нема затворање на подрачните училишта, но има помалку првачиња
30.08.2026 19:16
Нема да се затвори ниту едно подрачно училиште во прилепско и ниту еден наставник нема да остане без работа, уверуваат локалните власти. Но, бројот на првачињата се намалува…

Нема затворање на ниту едно од 15-те подрачни училишта во прилепско, и, ниту еден наставник нема да остане без работа, ама се намалува бројот на првачињата. Ваква е сликата пред почетокот на новата учебна година за околу 5.600 основци во десетте прилепски основни училишта.
Помалиот број првачиња не е конечната аналитичка бројка, се надеваат надлежните локални власти.
Прилеп со финансиски стимул за родителите и првачињата. По први септември ќе се отвори јавниот повик за стимулот за првачињата со по 3.000 денари.
Елизабета Митреска
