Овоштарство

Сопствениците на овошни насади кои изгореа во пожарот кај Струмица бараат помош од државата

30.08.2026 18:31

Сопствениците на овошни насади кои изгореа во пожарот кај Струмица бараат помош од државата. Изгорени се околу 400 декари насади претежно со слива вишна и ореви. Освен земјоделците помош бараат и сопствениците на викендички и помошни објекти.

Сопствениците на имоти во месноста „Кумиште“ кај Струмица каде неодамна имаше голем пожар, бараат помош од државата. Посебно погодени се овоштарите. На Ацо Стоилков му изгореа околу 230 декари насад со сливи. Според него, штетата се движи околу половина милион евра.

Стоилков тврди дека ова е страшен удар за неговиот бизнис, сега ќе мора одново да инвестира. Го прашавме, дали сливите му се осигурени од пожар.

Во големиот пожар кај Струмица страдаа и објекти. Панче Чакалов вели дека кај него штетата е над 10 илјади евра.

Пожарот кај Струмица избувна пред една недела. Во гаснењето на пожарот се вклучија голем број пожарникари, а се интервенираше и со авиони.

Ване Трајков