ЦУК

За едно деноноќие 31 пожар, пет се активни, еден е под контрола

29.08.2026 10:22

Во периодот од 28 до 29 август, до 07:30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во периодот од 28 до 29 август, до 07:30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив, пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 25 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општините Студеничани, Зелениково, Сарај, Чашка, Јегуновце и Прилеп.

Во Студеничани гори кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и на кракот кон село Палиград во правец на Преслап во Општина Зелениково.

Во Сарај гори кај селото Копаница, а пожарот се шири кон селото Радуша.

Во Чашка гори кај селото Нежилово на местото викано Сватови.

Во Јегуновце има пожар кај селото Копанце.

Во прилепското село Црнилиште пожарот зафатил ниска вегетација и шума.

Под контрола е ставен пожарот на подрачјето на општините Гостивар и Македонски Брод. Таму почнало да гори кај селото Трново во Гостивар, а потоа пожарот се проширил кон селата Битово, Заград и Страјане во Македонски Брод. Зафатени биле нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Изгаснати се пожари во општините Бутел, Сарај, Струмица, Василево, Охрид, Пласница, Македонски Брод, Прилеп, Крушево, Берово, Делчево, Штип, Брвеница, Тетово, Теарце и Гостивар.