Воен конфликт

Киев и Москва продолжуваат со меѓусебни напади

29.08.2026 14:31

Украина повторно нападна руски рафинерии. Киевската област пак, цел на напади со руски дронови. Украинскиот претседател Зеленски тврди дека добил информации од Вашингтон за состаноците во Москва. Кремљ ги негираше информациите. Трамп пак со став – Путин нема да нападне земја-членка на НАТО.

Украински беспилотни летала ноќеска ја погодиле една од најголемите постројки за преработка на нафта во Русија. Напади биле пријавени и врз Москва и Московската област. Според украинскиот претседател, во одделна операција бил оштетен и руски стратегиски тежок бомбардер ТУ-95 во воздухопловната база Енгелс, во Саратовската област.

Киевската област, пак, цел на руски напади со дронови, погодувајќи повеќе од десетина станбени згради и складишта. Штетите сè уште се утврдуваат.

Зеленски ги осуди руските напади со беспилотни летала врз украинските градови, соопштуајќи дека САД го информирале за неодамнешните состаноци што се одржаа во Москва. Потенцира дека Кремљ избрал „тактика на ескалација на теророт“, со постојани предупредувања за воздушен напад и напади со беспилотни летала „Шахед“.

Мирот останува недостижен поради раководството на Москва, тврди Украинскиот претседател.

Кремљ негира дека имало состаноци. Засега разговорите се статус кво. Американскиот претседател Трамп тврди дека Путин нема да нападне земја-членка на НАТО. При неодамнешната посета на Москва и Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф ги предупредил руските претставници да не го ескалираат конфликтот со американските сојузници во НАТО, особено Естонија, Латвија и Литванија, но и да не му помагаат на Иран.

Поради зголемената загриженост од појавата на воени дронови во нордискиот и балтичкиот воздушен простор, дел од кои се поврзуваат со пошироките безбедносни последици од војната во Украина, шведски воени авиони и бродови ќе ја штитат безбедноста на Финска.

Милчо Велески