САД постигнаа договор со Венецуела за контрола на нејзините нафтени резерви, објави Трамп
Договорот доаѓа речиси девет месеци по соборувањето и апсењето на венецуелскиот претседател Мадуро, по што Вашингтон се обидува да ги зголеми испораките на венецуелска нафта и присуството на американските компании во земјата.

Американскиот претседател Трамп објави дека САД и Венецуела постигнале „историски договор“, со кој Вашингтон ќе контролира 65 милијарди барели венецуелска нафта. Тој очекува договорот да го зголеми американското снабдување и да ги намали цените на горивата.
Договорот доаѓа речиси девет месеци по соборувањето и апсењето на венецуелскиот претседател Мадуро, по што Вашингтон се обидува да ги зголеми испораките на венецуелска нафта и присуството на американските компании во земјата.
Привремената претседателка Родригез го поздрави договорот, очекувајќи тој да придонесе за економското закрепнување на Венецуела.
