Блиски Исток

Иран се соочува со тешка економска состојба - преговорите во ќорсокак

29.08.2026 20:22

Шест месеци по почетокот на војната со САД и Израел, Иран се соочува со тешка економска состојба, додека преговорите остануваат во ќорсокак, а Ормускиот теснец е главната точка на сопнување.

Шест месеци по почетокот на војната со САД и Израел, Иран се соочува со тешка економска состојба, додека преговорите остануваат во ќорсокак, а Ормускиот теснец е главната точка на сопнување. Стотици бродови и натаму се заглавени во Заливот, во услови на висок ризик и неизвесност.

Иран, во меѓувреме, тврди дека постигнал договор со Оман за безбедна рута и дека може да го отвори теснецот доколку САД ги исполнат своите обврски, вклучително и укинување на санкциите и блокадата.

Претседателот Пезешкијан повика на дипломатија, додека врховниот лидер Хамнеи предупреди дека националното единство е приоритет. Иранските власти велат дека го промениле балансот на моќ во регионот, додека Вашингтон воведе нови санкции за Техеран.

„Фактот дека мора да ја зајакнеме нашата дипломатија е сосема точен и треба да одвоиме повеќе време за тоа. Светот виде. Претседателот на САД го потпиша меморандумот. Ако САД се посветени, и ние ќе бидеме посветени. Мислам дека можеме да донесеме безбедност на Блискиот Исток, но тоа е можно со разговор“, Масуд Пезешкијан • претседател на Иран.