Здравство

139 деца побарале лекарска помош во Тетово во изминативе 48 часа

29.08.2026 12:49

139 деца со покачена температура, повраќање и дијареја побарале лекарска помош во болницата во Тетово во изминативе 48 часа, 12 од нив биле задржани на болничко лекување...

139 деца со покачена температура, повраќање и дијареја побарале лекарска помош во болницата во Тетово во изминативе 48 часа, 12 од нив биле задржани на болничко лекување.

Од болницата велат дека овие симптоми се карактеристични за вирусните инфекции во летната сезона. Апелираат до родителите за зголемено внимание со хигиената на храната, доволна хидратација и избегнување на контактот на децата со погодените лица, за да се спречи понатамошното ширење на овие вирусни инфекции. При појава на дијареја или повраќање родителите да внимаваат детето да внесува доволно течности и електролити за да се спречи дехидрација советуваат лекарите