Временска прогноза
Сончево и топло време со температура до 36 степени
30.08.2026 09:49
Денеска нè очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер...

Денеска нè очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.
Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а минималната температура ќе се спушти до 21, додека максималната ќе достигне до 36 степени.
За наредната недела се најавува сончево и топло време со слаба локална нестабилност во попладневните часови.
