Ставен под контрола големиот пожар кој навлезе во Националниот парк Пелистер
Дежурни екипи остануваат на терен, за целосно гаснење и спречување негово повторно активирање. Според директорот на дирекцијата за заштита и спасување има сомневања дека пожарот е намерно подметнат.

Пожарот кој избувна во атарот на село Mакази, во Pреспа, истовремено на најмалку две локации, и навлезе во националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола. Ангажирани беа ер-трактори, два тима со пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи од националниот парк.
Дежурни екипи остануваат на терен, за целосно гаснење и спречување негово повторно активирање.
Според директорот на дирекцијата за заштита и спасување има сомневања дека пожарот е намерно подметнат.
Според податоците на Центарот за управување со кризи, во изминатото деноноќие се регистрирани 10 пожари на отворен простор. Осум сè уште се активни, еден е под контрола, а 9 се целосно изгаснати.
