Свет

Неизвесен исход на референдумот во Исланд за членство во ЕУ

30.08.2026 10:36

Опцијата „против“ премина во минимално водство на референдумот, покажуваат најновите нецелосни резултати...

Неизвесен е исходот од референдумот во Исланд за повторно започнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Опцијата „против“ премина во минимално водство на референдумот, покажуваат најновите нецелосни резултати.

По преброени 152 илјади гласови, 50,1 насто се изјасниле против продолжување на преговорите, додека 49,9 проценти го поддржале нивното повторно започнување.

Поради минималната разлика, конечниот исход се очекува по пребројувањето на сите гласови.