Запленети околу 500 отпадни гуми
Инспекциските служби на општината Гази Баба, деновиве спроведува акција за запленување на отпадни гуми, кои се складирани на површини каде постои опасност за злоупотреба на истите.

Инспекциските служби на општината Гази Баба, деновиве спроведува акција за запленување на отпадни гуми, кои се складирани на површини каде постои опасност за злоупотреба на истите.
Поради честите поплаки од граѓаните за спалување на отпад и отпадни гуми во делот на Вардариште, за време на спроведената акција собрани се околу 100 гуми, или околу 500 килограми од истите. Со ова се спречува можноста за спалување на гумите поради загревање или користење на жицата од внатрешноста на гумите, а со тоа и намалување на загадување на животната средина.
Се апелира до граѓаните да не палат материи од кои се загадува животната средина и кои го нарушуваат здравјето на луѓето.
