Силно невреме синоќа ја погоди североисточна и источна Македонија
Пороен дожд, силен ветер и грмежи имаше во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница, Кочани и околните населени места...

Силно невреме синоќа зафати повеќе градови и населени места во североисточниот и источниот дел на Македонија. Пороен дожд, силен ветер и грмежи имаше во Куманово, Крива Паланка, Делчево, Виница, Кочани и околните населени места.
Расфрлани делови од покривни конструкции и друг материјал по улиците, како и паднати гранки и дрвја. На одредени места сообраќајот отежнат или прекинат.
Во Облешево, прекин во снабдувањето со електрична енергија, а регистрирани биле и проблеми во сообраќајот.
Силно невреме проследено со ветар и пороен дожд, но и град го зафати и кумановскиот регион. Паднати дрвја на патиштата, но и откорнати покриви и лимови од станбени објекти и локали.
Според првичните информации нема повредени лица, но е предизвикана голема материјална штета. Екипи на локалната самоуправа, противпожарни возила и на полицијата излегоа на терен.
