Руско - украински конфликт
Во нов напад врз Киев погодени станбени згради, има повредени
30.08.2026 11:48
Нов руски напад со дронови врз Киев. Москва пак, јавува за пресретнати стотици украински дронови над неколку руски региони...

Нов руски напад со дронови врз Киев. Погодени се станбени згради во неколку делови од градот, има и повредени. Москва пак, јавува за пресретнати стотици украински дронови над неколку руски региони.
Во меѓувреме, Финска оценува дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје ниту ќе нападне членка на НАТО, но предупредува на можноста за нова мобилизација наесен.
Според „Аксиос“, директорот на ЦИА, Ратклиф, за време на тајната посета на Москва предложил трилатерална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски за продолжување на мировните напори.
