Скопје

Гори двокатен автобус кај видиковецот на Водно

30.08.2026 11:38

Чадот кој може да се види од повеќе локации во Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов...

Чадот кој може да се види од повеќе локации во Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација“, изјави Ангелов.

Засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација. Скопските пожарникари работат на негово гаснење