АМСМ

На Табановце и Блаце се чека до еден час за излез од државата

30.08.2026 13:11

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини се бележи зголемено време на чекање.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини се бележи зголемено време на чекање. На ГП Табановце за влез во државата околу 30 минути, за излез од државата е околу 1 час, ГП Блаце за излез од државата околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.