Свет
Исланд на референдум гласаше против повторно започнување на преговорите за членство во ЕУ
30.08.2026 14:01
Според конечните резултати, мнозинството гласачи се изјасниле против продолжување на европскиот процес...

Исланд на референдум го отфрли предлогот за повторно започнување на преговорите за членство во Европската унија. Според конечните резултати, мнозинството гласачи се изјасниле против продолжување на европскиот процес.
Поддржувачите на членството сметаа дека ЕУ би помогнала во намалување на високите каматни стапки и зголемување на безбедноста, додека противниците предупредуваа дека членството може да го загрози суверенитетот и контролата врз риболовните подрачја.
