Свет
Патнички брод со 279 лица се преврте и потонакај Кипар – во тек голема спасувачка акција
30.08.2026 14:43
Во тек е голема спасувачка операција. Засега нема информации за жртви, а дел од патниците се спасени...

Патнички брод со 267 лица се преврте и потона во близина на северниот дел на Кипар, на пат од пристаништето Киренија кон турскиот град Ташуџу.
Во бродот почнало да навлегува вода на 2 километра од брегот, по што се превртел. Капетанот испратил повик за помош, а дел од патниците во паника скокнале во морето, додека други се искачиле на превртениот труп.
Во тек е голема спасувачка операција. Засега нема информации за жртви, а дел од патниците се спасени.
Причината за несреќата засега не е позната.
