Партии

Власта и опозицијата продолжуваат со спротивставените ставови за дата-центрите

30.08.2026 17:46

Претседателот на СДСМ, Филипче, се противи на европски проекти-велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакнаа, Националниот дата центар е обврска и од реформската агенда. дека националните ресурси-водата, струјата и земјата ќе бидат злоупотребени за лични интереси. Според СДСМ, националните ресурси-водата, струјата и земјата ќе бидат злоупотребени за лични интереси.

Претседателот на СДСМ, Филипче, се противи на европски проекти-велат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакнаа, Националниот дата центар е обврска и од реформската агенда. Европската унија обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар со цел да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади – порачаа од владејачката партија.

„Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар. Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни. Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично“, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, Владата предводена од премиерот Мицкоски не работи транспарентно и во интерес на граѓаните. Сметаат дека националните ресурси-водата, струјата и земјата ќе бидат злоупотребени за лични интереси.

„Земјоделците може да останат без потребната вода за нивите, а граѓаните да плаќаат повисока цена за струјата. Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати. Особено не со водата. Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите бараат јавно произнесување на цената за нивната употреба за изградба на дата центрите.

Марина Стојанова Тонева