Транспортните работници на протест пред седиштето на ЕУ
Од 12 до 14 часот ќе бидат пред делегацијата на Европската унија во Скопје. Бараат решение за проблемот со престојот во Шенген зоната кој им е ограничен на 90 во последните 180 дена.

Превозниците денеска излегуваат на протест. Од 12 до 14 часот ќе бидат пред делегацијата на Европската унија во Скопје. Бараат решение за проблемот со престојот во Шенген зоната кој им е ограничен на 90 во последните 180 дена.
Протестот е пред очекуваниот состанок на шенген членките што треба да се одржи утре, транспортерите уште еднаш ќе пратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. Во Македонија има речиси 17.500 професионални возачи. Не се знае колку точно од нив се директно погодени. Освен кај нас, во исто време денеска протести ќе има и во Србија, Црна Гора и во Босна и Херцеговина.
Превозниците од четирите држави бараат да не им се бројат денови за престој, туку часови и минути, бидејќи сега со неколкуминутен транзит низ шенген земјите им се брои како цел ден. ако не се најде решение во Брисел, не ја исклучуваат можноста од повторна блокада на граничните премини кон средината на септември. Министерот за транспорт, Николоски, неколкупати повтори дека владата прави напори да им помогне на македонските транспортери. Се надева дека со склучување на билатерални договори со земјите од Шенген, ќе се надмине проблемот со кој се соочуваат превозниците.
