Стивнува работата на црно

29.09.2014 19:07

Работодавачите се поретко се решаваат да вработуваат на црно, а и невработените веќе немаат доверба за работа на овој начин. Зачестените контроли значително придонесуваат кон ваквото размислување. Новиот Закон кој стапува на сила од нова година ќе стави поголем ред во вработувањето...

Полека, но, сигурно стивнува работата на црно. Работодавачите се помалку можат да најдат работна сила за која нема да ги плаќаат обврските што произлегуваат од Законот за работни односи. Стоп за сивата економија, се почесто се слуша и од идните креатори на развојот на економијата. Веќе им станува јасно дека таа носи повеќекратни последици.

„Зошто би работел на црно. Не плаќањето на придонесите е исто како и нефункционирањето на фискализацијата. Со мојата легална работа ќе придонесам да се полнат и фондовите. Докторите ќе земаат повисока плата, а мајка ми и татко ми повисока пензија“, вели битолчанецот Николче Димовски.

„Не ја одобрувам работата на црно. Тоа е чиста злоупотреба на работникот и измама на институциите“, вели неговиот сограѓанин, Горан Петровски.

До пред неколку години сивата економија завземаше висок процент. Високите казни и зачестените контроли на трудовиот инспкторат како можноста на работникот да пријави работа на црно ги дадоа очекуваните ефекти. Доплнителен придонес се очекува и од најновиот проект – Едукација на следните регрути на пазарот на трудот.

„Треба изворно да се објаснат погодностите од легализацијата на работното место и значењето што го имаат и тие и државата доколку работаат согласно со законите на трудот“, вели Тодр Јовчевски, раководител на Агенцијата за привремено вработување „Партнер“ од Скопје, експозитура Битола.

„Средношколците треба да имаат информации затоа што се на чекор од решавање на едно од најважните прешања“, вели Пенка Мангова- Здравковска, претставник на Министерството за образование.

Од почетокот на идната година чекор наред ќе биде и новиот Закон со кој ќе бидат заштитени и оние кои досега работеле со договор на дело. Ако се има предвид нивната бројка, тогаш за очекување е стапката на невработеност да падне под сегашните 28 проценти.

 

Стевче Митрески