Кривичен суд Куманово

Ново рочиште за серискиот убиец од Старо Нагоричане

31.08.2026 08:52

Ново рочиште за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во кумановскиот регион. На стартот на судењето, Бојковски не одговарал на прашањата на судијата и гледал кон таванот, но, го потврдил својот идентитет.

Во Основниот суд во Куманово ново рочиште за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на повозрасни жени во кумановскиот регион. На стартот на судењето, Бојковски не одговарал на прашањата на судијата и гледал кон таванот, но, го потврдил својот идентитет. Според неговиот адвокат, тој се исплашил од камерите и од големиот број присутни во судницата.

Обвинителството тврди дека убиствата биле извршени со умисла, а како доминантен мотив ја наведува некрофилијата. Според обвинението, жртвите биле напаѓани во нивните домови, најчесто додека биле сами и немоќни. Дел од смртните случаи првично биле заведени како природни, поради што за утврдување на насилната природа на смртта била извршена и ексхумација. На Бојковски му се заканува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Семејствата на четирите жртви се приклучија кон кривичниот прогон. Иако неговиот адвокат најавил признание на вината, Бојковски пред судот изјавил дека не се чувствува виновен.