МНР

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Во фокус геополитиката и проширувањето

31.08.2026 10:00

Министерот Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 21-та Меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 21-та Меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.

Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања-централна и југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.