Киев подготвува нова комуникација со САД
Зеленски оцени дека Вашингтон во голема мера ги споделува ставовите на Киев за ситуацијата на фронтот и руските напади.

Украина најави нова комуникација со претставници на САД. Зеленски оцени дека Вашингтон во голема мера ги споделува ставовите на Киев за ситуацијата на фронтот и руските напади. Според него, за четири дена Русија лансирала речиси 1.500 дронови, од кои речиси 800 млазни „Шахеди“.
„Мораме да бидеме проактивни и токму така работиме. Наесен мора да го зголемиме процентот на пресретнување и тој да биде над 90 проценти“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Кремљ, пак, порача дека евентуална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски би можела да се одржи само доколку целта е формализирање на конкретни договори.
„Таков состанок е можен само за формализирање на договори. А тие договори во никој случај не се едноставен договор, туку многу сложен мировен процес кој опфаќа голем број детали“, рече Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
НАТО соопшти дека во моментов не гледа непосредна закана од руски напад врз ниту една членка, но предупреди на засилените руски напади врз Украина и хибридните активности во Европа.
